Рохани е бесен: Новите американски санкции врз Иран се дивјаштво

 Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги обвини САД за „дивјаштво” откако Вашингтон неделава на Техеран му воведе нови економски санкции.

-Американците на Иран му предизвикаа штета што се мери со десетици милиони долари, рече Рохани во обраќањето пренесувано од иранската национална телевизија

Британските медиуми пренесуваат дека со глас што се тресел од лутина Рохани кажа дека станува збор за дивјаштво од невидени размери и сонародниците ги повика своите „клетви и омраза” да ги насочат кон Белата куќа.

САД во четвртокот на својата „црна листа” ставија уште  неколку ирански официјални претставници и субјекти заради наводните тешки прекршувања на човековите права во Иран, во кои Вашингтон го вброи  и судскиот процес против еден ирански борач, кој беше осуден на смрт, а потоа и погубен.

Претходно, во понеделникот на црната листа се најдоа и иранското Министерство за одбрана и други актери вклучени во иранската нуклеарна програма и програмата за развој на вооружувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот