Рохани: Американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека неговата земја под притисок никогаш нема да преговара со САД.

– Иран никогаш нема да преговара под притисок… Никогаш нема да попуштиме под американскиот притисок и никогаш нема да преговараме од позиција на немоќ, посочи Рохани.

Тој додаде дека „американскиот максимален притисок врз Иран е осуден на пропаст”.

– Обезбедувањето мир и стабилност во чувствителниот регион Блиски Исток и Персиски Залив е невозможно без помош на Иран, потенцира Рохани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот