Роџер Вотерс, еден од основачите на „Пинк Флојд“, го нарече Бајден „воен криминалец“

Британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарниот бенд Pink Floyd.

Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да долева масло на огнот во украинскиот конфликт, изјави во интервју за телевизијата „Си-ен-ен“ британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарниот бенд „Пинк Флојд“.

„Ова е тешко злосторство. Зошто Соединетите држави не го охрабрат украинскиот претседател Володимир Зеленски да започне преговори со Москва за да се стави крај на овој ужасен конфликт?“, праша во текот на разговорот Вотерс.

Згора на тоа, според британскиот музичар, токму Северноатлантската алијанса била главниот виновник за украинската криза.

„Секоја војна започнува од нешто. Оваа започна во 2008 година (кога на самитот на НАТО во Букурешт првпат беше споменато членството на Украина и Грузија – з.р.). Руската операција беше одговор на придвижувањето на блокот близу до границите на Русија. Иако Алијансата вети дека тоа нема да го прави. Токму поради тоа (последниот советски челник Михаил) Горбачов ги повлече советските трупи од прагот на Западна Европа“, рече Вотерс.

Тој го советуваше водителот „повеќе да прочита“ и му предложи да си замисли како Вашингтон би реагирал доколку Кина распореди нуклеарни ракети во Мексико и Канада. Водителот забележа дека Кина во моментов е зафатена со опколувањето на Тајван, на што Вотерс напомна дека Тајван е „дел од Кина“. Покрај тоа, музичарот го отфрли тврдењето на соговорникот Мајкл Смеркониш дека САД ја „играат улогата на ослободители“.

Вотерс во моментов е на турнеја под наслов „Ова не е воена вежба“. Во своите јавни и настапи во медиумите отворено допира до чувствителните актуелни политички теми, често прикажува фотографии од личности кои ги нарекува „воени злосторници“ меѓу кои неретко се и фотографиите на Бајден.

Во разговорот има теми и за полициското насилство врз Афроамериканците, полуавтоматските оружја, за абортусот и сето тоа се покажува на огромен екран во форма на крст.

 

Видео на денот