Како што информираат британските медиуми, за нешто помалку од 48 часа се очекува да биде постигнат договор помеѓу Евертон и Реал Мадрид за трансфер на Хамес Родригез.
Колумбискиот интернационалец повторно ќе биде во клуб на Карло Анчелоти откако претходно соработуваа во Баерн Минхен и Реал Мадрид.
29-годишниот играч кој досега заработуваше 200.000 фунти неделно на „Сантјаго Бернабеу“ не се наоѓа во плановите на францускиот стратег Зинедин Зидан кој планира „чистка“ во тимот пред новата сезона.
Родригез со Реал успеа да освои по две титули во „Ла Лига“, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и УЕФА Суперкупот, а еднаш шпанскиот Суперкуп.
Минатата сезона во најсилното шпанско првенство имаше само осум натпревари со еден гол во триумфот над Гранада.