Родригез на нова позајмица, 10 милиони евра за Реал! – Слободен печат
СпортФудбал

Родригез на нова позајмица, 10 милиони евра за Реал!

Колумбискиот играч за врска Родригез како што пренесува „ЕСПН“ е пред трансфер во редовите на Наполи и тоа на нова позајмица.

Откако беше „отпишан“ од Нико Ковач во Баерн, а ниту Реал Мадрид не го сакаше повеќе назад, хамес Родригез (27) би можел кариерата да ја продолжи во Италија.

Наполи за оваа позајмица на Реал ќе му плати 10 милиони евра, а на крајот од наредната сезона се очекува да го откупи договорот за сума од 30-40 милиони евра.

Играч е на „кралскиот“ клуб од 2014 година кога за 70 милиони евра направи трансфер од екипата на Монако.

Последните две сезони ги помина како позајмен во тимот на Баерн од Минхен каде што немаше најдобри односи со хрватскиот стратег.

Родригез моментно со својата репрезентација настапува на јужноамериканското првенство во Бразил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close