Родригез и официјално во дресот на Евертон

фото: твитер

Колумбискиот играч кој досега ги бранеше боите на Реал Мадрид потпиша договор на две години, со опција да остане уште една сезона во клубот од „Гудисон Парк“.

Карло Анчелоти, менаџерот на „карамелите“ успеа да го ангажира Хамес Родригез кој веќе соработуваше со италијанскиот стратег во „кралската“ екипа.

Токму под негово раководство во сезоната 2014/15, Родригез беше прогласен за најдобар играч во средниот ред во „Ла Лига“ со по 13 голови и асистенции во 29 натпревари.

Овој играч има вкупно осум национални титули во четири земји, Лига на шампиони со Реал, Лига Европа со Порто.

– Среќен што сум во овој голем клуб кој има богата историја, кај тренер кој добро ме познава. Се надевам дека ќе имам големи успеси со Евертон. Дојдов да напредувам и бидам подобар. Сакам да му помогнам на клубот да игра атрактивен фудбал. Сигурен сум дека со Анчелоти можеме до одлични резултати – рече Родригез.

Официјално: Анчелоти го донесе Алан во Евертон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот