Родри и офцијално стана “граѓанин“

Шпанскиот репрезентативец Родри и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити. Родри во текот на вчерашниот ден си ја плати откупната клаузула која изнесуваше 70 милиони евра , а парите ги доби од Манчестер сити.

Тој денеска и официјално потпиша петгодишен договор со англискиот шампион и стана најскапиот фудбалер во историјата на клубот.

– Тоа што Сити го постигна во последните две години е неверојатно и се радувам што ќе бидам дел од овој талентиран тим во иднина. Не се само титулите кои ме привлекоа во Манчестер сити, туку и начинот на кој играат, атрактивно и офанзивно – изјави Родри по потпишувањето на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот