Роднини на жртвите во автобуската несреќа ќе бараат правда во Стразбур: Во истрагата ни трага од накитот и златото!?

автобуска несреќа бугарија
Автобуска несреќа во Бугарија, загинаа 46 патници од Македонија/Фото: Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Правдата ќе ја барам во Стразбур. Ако треба ќе продавам и куќа и имот, ќе ја докажам вистината. Да ми гори дете на 17 години, а некој да води повторно фирма во Македонија или во Косово, тоа нема да го дозволам! Или ќе се докаже правдината, или нешто ќе се случи – изјави Пајазитовски, татко на една од жртвите.

Ако не се докаже вистината за трагедијата со македонскиот автобус во Бугарија, ќе бараме  приватна истрага и правда пред меѓународните судови – изјави за „Слободен печат“ Кјамуран Пајазитовски, роднина на еден од загинатите во автобуската несреќа на „Беса транс“ на магистралата „Струма“ во Бугарија, што се случи во ноември лани,

– Не само тука, туку и во Стразбур! Дојдено ни е преку глава! Едно слушаме, друго се работи. Не знам дали ова е држава или што е? Толку луѓе да изгорат, а никаква правда да нема, бога ми, не знам што да ви кажам… Правдата ќе ја барам во Стразбур. Ако треба ќе продавам и куќа и имот, ќе ја докажам вистината. Да ми гори дете на 17 години, а некој да води повторно фирма во Македонија или во Косово, тоа нема да го дозволам никогаш во животот. Или ќе се докаже правдината, или нешто ќе се случи – изјави Пајазитовски.

По две месеца, додава тој, вие сте први од Македонија што ме контактирате. Тој вели дека неговата снаа за време на патувањето со себе имала накит вреден седум илјади евра.

– Златото не гори, властите треба да ни кажат дали имало злато, сочуван багаж или пари. Не може ли да се испитаат три куфери чии се и што се? Никој досега не ни се јавил да ни каже дека има куфери, дојдете да видите чии се. Од државата никој не нѐ контактирал, а адвокатот од Бугарија нѐ контактира секој втор ден, прашува што е и како е. Јас не сум роден ни во Бугарија ни во Турција, туку во Македонија – вели револтирано Пајазитовски.

Семејствата на загинатите сè уште ги чекаат предметите во сопственост на нивните блиски, кои биле сочувани во несреќата. Тие се вратени од бугарските истражни органи во Северна Македонија, но процедурата за идентификација на предметите сè уште не е почната.

Преживеаните и роднини на другите загинати исто така бараат паралелна истрага за причините за несреќата, освен кривичната постапка што ја започна Обвинителството на Бугарија.

Предметот за обезбедување на доказите е поднесен пред Окружниот суд во Перник. Во случајот во Перник, експертите повторно ќе ги испитуваат свијоците, ознаките, патната инфраструктура.

– Завршено е собирањето докази за сообраќајната несреќа на македонскиот автобус на автопатот „Струма“ во Бугарија, со што истрагата е при крај. Собрани се огромен број докази неопходни за доаѓање до објективната вистина – изјави за БТА Сијка Милева, портпаролка на главниот бугарски обвинител.

Обвинителката додава дека, според бугарското законодавство, роднините на жртвите, како и повредените, имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка.

Во автобуската несреќа во Бугарија, што се случи на автопатот „Струма“ на 23 ноември, загинаа 45 лица, а седуммина беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот