Роднини на настраданите чекаат на ГП Ѓуешево: Немаме доволно информации, не знаеме ништо за блиските

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија/ Фото EPA-EFE/VASSIL DONEV

Роднините на загинатите во страотната автобуската несреќа на автопатот Струма, чекаат на граничниот премин Ѓуешево да одат во Софија и да ја проверат нивната состојба, објавија бугарските медиуми.

Тие за трагедијата дознале во раните утрински часови.

Луѓето велат дека нема доволно информации и не знаат што се случило со нивните роднини, пренесе БНР.

Денеска околу пладне се очекува и други роднини на повредените семејства да заминат за Софија. Очекуваат добри вести за своите најблиски.

-Три македонски автобуси, кои беа дел од група туристи од Истанбул до Скопје, поминаа рано утринава и пред 6 часот и се вратија во Северна Македонија, соопштија претставници на граничниот премин Ѓуешево.

Пред болницата Пирогов, роднина на патниците во македонскиот автобус рече дека успеал да види четворица, а за останатите се уште чека информација од управата на болницата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот