Родман открива какви биле забавите со Ким Џонг Ун: Вечера, вотка и жени…

Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун имаат одлични односи, а до нивното пријателство дојде на иницијатива на Ким.

Лидерот на Северна Кореја е голем кошаркарски фан, ги обожува НБА лигата и Чикаго булс.

– Тоа е пријателство за цел ивот. Се започна една ноќ со неколку шишиња вотка и со караоке – изјави Родман.

Поранешниот кошаркар на Детроит, Чикаго, Сан Антонио и ЛА Лејкерс, открива дека го прифатил повикот на Ким Џонг Ун, откако истиот го одбил Мајкл Џордан и тоа во време кога политичките односи помеѓу САД и Северна Кореја беа на најниска точка.

– Мислев дека ќе се сликам, ќе делам автограми и ќе играме кошарка. Не знаев ништо за Северна Кореја но му реков на својот агент: Ќе одам таму доколку ми се гарантира безбедноста. Беше одлично уште од првиот момент бидејќи уште кога излегував од авионот ме чекаше црвен тепих – зборува Родман.

Тој открива како по првиот натпревар бил повикан на заедничка вечера со лидерот на државата.

– Вечеравме и пиевме како луди. Тогаш Ким почна да пее караоке но навистина не знам што пееше. Сите ракоплескаа, а потоа излезе бенд од 18 млади девојки. Беа одлични, но свиреа само една песна цела вечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот