Родителски трик на Кејт Мидлтон што ќе ве воодушеви: Зошто постојано го допира принцот Џорџ по главата?

Instagram

Навистина не е лесно да се биде родител, но Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, има еден метод што може да им помогне на многумина.

Иако таа и принцот Вилијам имаат помош од ангажираната дадилка Марија Борел, Кејт сепак повеќето обврски околу децата сака да ги извршува сама.

Instagram

„Јас сум практична мајка, што и да правите сакате да бидете сигурни дека тоа е најдоброто за вашите деца“, вели таа.

Многу експерти во минатото го анализирале родителството на славната војвотка, па затоа нејзиното однесување кон децата го окарактеризирале како „топло“.

Instagram

Кејт Мидлтон има голем број интересни, а паметни трикови, вклучувајќи и еден што го искористи на венчавката на нејзината сестра Пипа, кога младиот принц Џорџ беше премногу бучен.

Војвотката го потапка по главата, што еден експерт го опиша како добар начин за дисциплинирање на децата во јавност.

Instagram

„Многу е тешко кога сте родител на три деца и покрај сето тоа сте и јавна личност. Се чини дека таа е добра во директниот контакт со нив, така што тапкањето по главата е прикажано како убава врска што ја има со нејзиниот син“, посочува д-р Ребека Чикот, педијатар.

Така што сме сигурни дека оваа техника што ја користи Кејт ја одобруваат и поддржуваат и педијатрите.

Истражувањето објавено во научното списание „Celebral Cortex“ открива дека допирот на детето помага да биде што е можно посоцијално.

Instagram

Дури посочија дека децата чиј родители повеќе ги милуваат по главата двапати повеќе ги користеле сите „социјални“ делови од својот мозок.

Постои уште еден трик кој го применува војвотката Кејт.

Instagram

„Непослушното дете го тргнува од местото на дадената ситуација, седнува со него и разговара. Таа никогаш не им вика на своите деца. Кејт и Вилијам, заедно со дадилката Марија, се строги кон децата, но тие ја имаат таа магична способност да изгледаат како да не се. Тие се обидуваат да го направат воспитувањето на децата порелаксирано и така сите се посреќни“, заклучува д-р Чикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот