Родителите задоволни од бојкотот, но алармираат на притисоци од наставници

Настава со физичко присуство / Фото: Драган Митрески - Слободен печат

Родителите кои се против дигитализацијата во образованието и кои најавија целосен бојкот на наставата, информираат дека од денеска нивните ученици ја бојкотираат наставата, а во формираната Фејсбук група „Учебници и настава мора да има“ ги споделуваат досегашните искуства.

– Добивам информации кои пристигнуваат од родители и засега состојбата со бојкотот е позитивна – вели за „Слободен печат“ Драгана Спасевска, која вчера на прес пред МОН ги повика учениците и родителите на бојкот.

Сепак, како што вели Спасевска, но и од она што може да се прочита во групата, учениците се соочуваат со притисок од наставниците кои бараат од нив да се вклучат на настава, а во спротивно им се закануваат дека ќе добијат неоправдани изостаноци.

Фото: Твитер

– Има проблем само кај дел од политичките вработени просветни работници кои вршат притисок врз родителите и врз децата за да се вклучат на настава – објаснува Спасевска, додавајќи дека бојкотот ќе трае само во текот на денешниот ден.

И лидерот на средношколскиот Сојуз, Бленди Ходаи, кој иако вели оти се уште нема конечни податоци, потврди оти во некои училишта се случува бојкот.

– Конечна информација се уште немаме, но станува збор за истите училишта како и вчера – „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз во Скопје, но и во медицинското средно училиште во Штип има бојкот на наставата – вели Ходаи за „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот