Родителите славеле и се веселеле: Судот во Иран раскинал брак меѓу 11-годишно девојче и 22-годишно момче (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин, Твитер

Судот во Иран раскинал брак склопен меѓу 11-годишно девојче и 22 годишно момче, по што им наредиле на родителиет да почекаат две години, кога ќе можат да му ја вратат девојката на мажот.

За спасувањето на ова девојче најмногу придонела новинарката Масих Алинеџад, која на Твитер објавила снимка од оваа свадба.

– Ова е венчавка на девојче помало од 13 години. Плачев кога го добив ова видео од округот Бахмај. По исламските закони девојче постаро од 13 години има право да се мажи, но не смее сама да одлучува како ќе се облекува – напиша згрозената новинарка на Твитер.

Иако на снимката е замаглено лицето на девојчето, сепак убаво се гледа како таа ги држи рацете на очите и си ги брише солзите од лицето.

Снимката предизвикала толкав шок во јавноста, посебно кога новинарот Бабак Тагвеј изјавил дека малата невеста нема ниту 11, туку 9 години, а младоженецот 28!

Станува збор за борец на народната полиција Басиџ, на кого окружниот исламски суд му издал дозвола да се ожени со детето.

Ситуацијата е толку екстремна што државниот суд реагирал и го прекинал бракот се додека девојчето не наполни 13 години, кога, според иранските закони, може да се мажи.

Меѓутоа, бракот може да се склучи и кога детето е помладо ако судот и родителите дадат согласност за тоа.

Згрозените корисници на Твитер најмногу ја коментираат реакцијата на присутните на свадбата, кои на оваа морбидна венчавка се однесуваат сосема нормално.

„Тоа е одвратно, на видеото никој не е тажен. Родителите слават и се веселат. Тие тоа го третираат како нормално, а тоа не е така. Тој човек е педофил, а родителите вршат насилство над сопственото дете. Што девојчето кое е невеста знае за тоа што ќе и се случува во иднина? Силување, тепање и така натаму“, пишува во еден коментар на Твитер.

„Се чини дека жените на видеото го минале истиот пат. И наместо да се обединат за да се стави крај на тоа, тие свесно дозволуваат нивните ќерки да го преживуваат истиот хорор“, гласи друг коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот