Родителите се шокирале по предлогот на Брена: Пејачката сакала да го посвои малиот Џони?

Pulsonline

Неодамна Лепа Брена откри дека не сака да готви и да биде домаќинка. Таа и Боба Живојиновиќ живеат во елитен дел на Белград, на Бежанијска коса, а за нив веќе со години готви извесна Ката, која практично станала дел од семејството.

Пред неколку години во медиумите се појави една приказна во врска со нејзината послуга, која предизвика голем скандал.

Лепа Брена тогаш вработила брачен пар од Филипини, чија задача била да ѝ помагаат во раскошната вила и на имотот. Жената готвела и чистела, а мажот се грижел за градината. Тие го донеле и нивниот син кој живеел во куќата, а наводно многу се зближил со Брена и со Боба.

Но, идилата била прекината кога брачниот пар си отишол не само од нивната вила, туку и од Србија. Прво отишле во Грција, а потоа се вратиле на Филипини. Причината, како што пишуваа српските медиуми била тоа што Брена сакала да го посвои нивниот син.

„Нејзината намера беше добра, веруваше дека на момчето може да му даде многу повеќе од нив, а никогаш не би им забранувала да дојдат да го видат или да поминат некое врем со него“, рекол анонимен извор.

Родителите на момчето биле во целосен шок после тој предлог, па експресно се спакувале и си заминале по три години работа за Брена и Боба.

Приказната почна да се шири откако беше објавено видеото во кое момчето ја нарекува Брена „мамо“, а и таа и Боба често зборувале дека се зближиле со целото семејство, а најмногу со момчето.

На Брена тешко ѝ паднало кога се отселиле, а наводно и момчето страдало бидејќи му недостасувала пејачката.

„Кога дојде кај нас имаше две години. Кога наполни пет требаше да се запише во училиште, а немаше српско државјанство и со семејството мораше да се врати на Филипините“, рекла тогаш Брена.

Додала дека не е вистина дека сакала да го посвои момчето, иако биле многу блиски.

„Многу го сакавме, тој беше бебето со кое се будевме, се каравме околу тоа кој ќе го чува зашто сите сакавме да му бидеме блиску. Но не можете да посвоите дете кое е веќе посвоено и кое има родители. Мене и моите три деца ми се сосема доволни“, објаснила пејачката.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот