Родителите против дигитализација на учебниците до крајот на работниот ден ќе чекаат одговор од МОН

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Родителите од иницијативата „Учебници и настава мора да има“ денеска очекуваат МОН да одговори на нивните барања во врска со законот за електронските учебници, откако на првата средба не беше постигнат договор.

– Денеска сум во Скопје. До крајот на работното време ќе почекам да ме контактираат од МОН. Засега ме нема никој контактирано – вели воспитувачката Драгана Спасевска за „Слободен печат“, која е претставничка на групата родители кои се против дигитализацијата.

Од претходно родителите најавија протест ако не им се одговори на барањата, но Спасевска вели оти најпрво ќе го почека одговорот на надлежните инситутции, а бојкотот и натаму е ставен во мирување. 

Родителите со ултиматум до МОН: Ако не ни одговорат до понеделник, одиме на протест

– Дополнително ќе известиме за сите следни чекори. Ќе бидеме коректни и денеска ќе почекаме да видиме дали ќе добиеме покана за нова средба за одговор на нашите барања – додаде Спасевска.

На првата средба родителите ги претставија своите барања кои вклучуваат стопирање законот за учебници и отворање на јавна дебата во која ќе бидат инволвирани сите засегнати страни, вклучувајќи ги и родителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот