Родителите победија, тестови нема да има

Сите 311 ученици што се пријавиле со 5.00 просек на јунскиот испитен рок во средното училиште „Орце Николов“ ќе бидат примени, изјави денеска директорот на гимназијата, Митко Димовски, кој рече дека квалификациски тестови ќе нема.

– Имавме еден навистина конструктивен разговор со родителите и потоа се упативме кон Министерството за образование. Министерот не повика на разговор и дојдовме до решение сите 311 ученици да бидат примени – изјави директорот.

Тој исто така соопшти дека 306 ученици ќе бидат поделени во 4 паралелки од 34, а останатите 5 паралелки ќе ги сочинуваат 35 ученици.

Уписите во гимназијата „Орце Николов“ ги извадија родителите на улица

Видео на денот