Родителите на жртвата од Британија сведочат: Трамп бараше да се сретнеме со убиецот на нашиот син – Слободен печат
ВестиПланета

Родителите на жртвата од Британија сведочат: Трамп бараше да се сретнеме со убиецот на нашиот син

Трамп упорно им нудел на родителите од Британија да се сретнат со жената на дипломатот која го усмрти Хари Дан..

Доналд Трамп се запозна со родителите на Хари Дaн во Белата куќа и се обидел да ги натера да се сретнат со Ен Скаулас, жената за која се тврди дека го удрила нивниот син со автомобил, настан по кој момчето починало, објави „Телеграф“.

Американскиот претседател  ја држел за рака Шарлот Чарс, мајката на загинатиот Дан, додека во другата просторија била Ен Скаулас. Шарлот открила дека Трамп трипати ја замолил да се сретне со жената која наводно го удрила нејзниот син, за полесно да може да „оздрави“.

– Искажа соучество, делуваше топло и гостољубиво, но не му беше потребно многу време за да ни соопшти дека во истата зграда е и Ен Сакулас – рече Шарлот.

Според нејзините зборови, таа останала без здив кога американскиот претседател ѝ ја соопштил оваа вест.

– Праша два или три пати. Кажавме дека не сакаме, не мислевме дека тоа е исправно – вели таа и додава дека Трамп инсистирал, но тие останале на своето.

Скаулас, сопруга на американски дипломат, возела во погрешна насока кога во август удри во мотоциклот на сега починатиот Харви пред базата РАФ во Велика Британија. Потоа ѝ беше доделен дипломатски имунитет и таа отпатува во САД за да избегне соочување со британските судови поради смртта на 19-годишното момче.

Но, во настаните од оваа недела, на родителите на Хари им е соопштено дека таа повеќе нема дипломатска заштита поради тоа што е во Америка. На состанокот во Белата куќа, Трамп им рече на очајните родители дека Скаулас нема да се врати во Велика Британија.

– Бевме малку шокирани, можеше да биде тука до нас. Не е прикладно да ја запознаеме без терапевт и посредник. Повторивме дека и понатаму сме подготвени за состанок, но на територија на Велика Британија – им рече Шарлот на новинарите.

Таа додаде дека убиецот на нејзиниот син треба да се врати во кралството и да се соочи со правосудниот систем на Британија.

– Таа мора да се врати во Велика Британија за да се соочи со нашиот правосуден систем и за да можеме да добиеме правда за Хари. Не сакаме состанок на американско тло, каде таа во моментов е останува скриена, а неговата смрт е ставена „под тепих“. Не е фер – рече мајката на момчето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close