Роберт Каримановиќ, таткото на малата Моника од Ниш, која беше пронајдена по 10 дена потрага, на веста за апсењето на Малчанскиот бербер за српски Курир изјави дека тој и сопругата се пресреќни што монструмот конечно е уапсен и што агонијата е завршена.
Каримановиќ додал дека сите родители кои стравувале за своите деца сега можат да мируваат и дека сака и очекува максимална казна за уапсениот Нинослав Јовановиќ од Малча. Тој додал и дека сака да се заблагодари на полицијата, граѓаните и војската кои ја пронашле неговата ќерка Моника, за која се сомнева дека била заложник на уапсениот Јовановиќ.