Родителите на деца до 10 години имаат легитимно право да не одат на работа (ВИДЕО)

Фото: Принткскрин

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека уште е на сила уредбата со која еден од родителите на деца до 10 години има право да седи дома и да не оди на работа.

-Апсолутно е дозволено родителите на деца до 10 години да не одат на работа. Тие имаат легитимно право, а секој прекршок треба да се санкционира преку инспекторатите.

Спомнав дека процесот е координиран за децата да се упишат и тоа оди паралелно со процесот на спремање на градинките. Деновите пред нас ќе може да се прават уписи, додаде министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот