РОДИТЕЛИ ВНИМАВАЈТЕ: Куна гризна дете во Градски парк

Ласица гризна 10-годишно дете во Градскиот парк во Скопје, дознава „Слободен печат“. Угризот, бил голем, па родителите се исплашиле и веднаш побарале лекарска помош. Во комуникација со ветеринари е утврдено дека двете дупчиња на ногата на детето ги оставиле забите на куната.

Девојчето со други деца играло во паркот во близина на езерцето кога се случил и контактот со животното. Угризот бил специфичен, рана со две дупчиња од забите на куната. Помош побарале на Клиниката за инфективни болести.

Од оваа здравствена установа потврдуваат дека имале ваков случај. Детето било прегледано и му била дадена соодветна терапија, а било препратено и на Хируршките клиники за да се санира раната.

-Ова е само еден ваков случај. Нема некоја посебна опасност од ширење на болести. Дадена е антибиотска терапија со цел да се спречи инфекција, како и антитетанус што е стандарден третман при угриз и од други животни – објаснуват од Инфективна.

Од Ветеринарната амбуланта при Ветеринарниот факултет велат дека во Градскиот парк има вегетација како во шумско подрачје така што не е необично куна да има во Градскиот парк.

-Куната како и секое диво животно се плаши и бега. Може да нападне само ако се почувствува загрозена. Затоа е најдобро доколку ја сретнете да се повлечете и да и дадете простор да избега – вели Мирослав Јовановски од Ветеринарната амбуланта.

Тој објаснува дека куните може да шират беснило, но тоа кај нас многу ретко се случува, бидејќи се вакцинира против ова заболување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот