Родители си го закопале живо своето дете во Индија, зошто било опседнато од зли духови

Истрагата на полицијата откри дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини, по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови/ Фото: МИА

Истрагата на полицијата откри дека таткото (30) и мајката (28) го закопале своето третородено дете заедно со двајца роднини, по налог на локален шаман кој тврдел дека бебето било опседнато од зли духови. Полицијата соопшти дека покрај таткото, уапсени се и тетката и вујкото и еден шаман додека мајката била во бегство.

Жителите на Шајаханпур во северна Индија во текот на вечерта слушнале врисоци на дете.
Во тој момент температурата веќе се спуштила на три степени.

Дармендра Кумар прв случајно го слушнал вресокот на бебето.

-Поминував покрај езерцето околу шест и пол навечер кога го слушнав бебето како плаче. Нејзините крици ме одведоа до местото каде што беше закопана. Брзо ја ископав земјата и ја најдов жива – вели Кумар.

Тој го однел детето во блиската државна болница и ја известил полицијата.

– Тоа е толку сурова работа. Не ми се верува дека некој може да остави бебе на толку студено време, додава Кумар.

– Бебето го закопа тетката откако тоа го побараа родителите на детето. На овој чекор се решиле по наговор на шаманот кој тврдел дека девојката е опседната и дека нејзиното присуство во куќата може да го уништи нивниот живот, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот