Родители од Косово бараат со закон да се забранат штрајкови во училиштата

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Родителскиот совет на Косово повика денеска враќање на нормалноста и подобрување на квалитетот во образованието, како и забрана со закон на штрајковите во основните училишта.

Во денешното соопштение на Родителскиот совет се вели дека тој никогаш нема да го поддржи штрајкот организиран од Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата (СБАШК), ниту пак, како што се наведува, „неразумното раководство на таа синдикална организација”.

„Секогаш солидарни со наставниците кои се третираат неправедно и вон секоја норма, со еднострано толкување на законите и надвор од сите практики. Сакаме нормалност, подобрување на квалитетот во образованието. Сакаме достоинство и човечки интегритет за сите. Да ги третираме другите како што сакаме да се третираат нашите деца”, се наведува во соопштението на организацијата на родители на косовските ученици.

Штрајкот во предшколските установи, основните и средните училишта во Косово почна на 25 август, а минатата сабота, на 1 октомври, СБАШК одлучи да се суспендира до јануари, со можност да се продолжи доколку не се исполни нивното барање за надоместок од по 100 евра месечно до донесувањето на законот за плати.

Владата на Албин Курти го одбива тоа барање, а најави и дека наставниците кои штрајкувале нема да добијат плата за септември, на што СБАШК, како и опозицијата, најавија кривични пријави за министерот за финансии и за секој што ќе ја блокира исплатата на платите. Синдикатот денеска најави и можност од повторно стапување во штрајк на над 25 илјади воспитувачи, воспитувачки, наставници и наставнички, доколку во законскиот рок, до петтиот ден во месецот, не бидат пуштени платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот