Родители од Дебар и Кочани си ги терале децата да питачат и крадат, добија кривични пријави

Против двајца жители на Кочани и Дебар, полицијата поднесе одвоени кривични пријави за запуштање и малтретирање на дете, откако било утврдено дека си ги принудувале децата да питачат и да крадат, соопшти МВР.

„На 14.09.2021 година во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица” во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца” во Скопје. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Во вториот случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани „поднесе кривична пријава против А.И.(36) од градот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. Пријавениот, во периодот од мај 2021 до сега, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување го запуштил своето дете, како резултат на што детето учествувало во извршување на кривични дела, кои во голем дел биле потикнати од него. Како резултат на ваквата негрижа за детето се документирани 15 кривични дела ,,тешка кражба” и ,,кражба” за кои се поднесени две известувања до ОЈО Кочани“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот