РОДИТЕЛИ ОД 30 ЗЕМЈИ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАСТИТЕ: Да се преземат конкретни мерки за климатските промени!

Фото: Профимедиа

Родители од речиси 30 земји денеска побараа од властите кои преговараат на самитот за климата во Мадрид да преземат итни мерки за намалување на влијанието на климатските промени во светот, со цел благосостојба на децата, кои се подложни на се поголемо загадување и природни катастрофи.

Повеќе од 200 активисти на родителски групи од сите континенти потпишаа изјава во која се истакнува дека сегашната конференција за климата во Мадрид е „клучна шанса” да се придонесе за намалување на глобалното затоплување за 1,5 степен Целзиусов.

Тие велат дека како родители се очајни што децата ги предаваат на „оштетен свет на работ на климатскиот хаос и колапс на животната средина”.

Според нив, со секоја минута политичка пасивност, се продлабочува климатската криза, се ризикуваат животите, здравјето и иднината на децата.

– Сега сме во критичен момент во кој секој испуштен јаглерод нè приближува до опасна климатска точка што може да ја уништи човечката цивилизација за нашите животи, предупредуваат групите за животна средина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот