Родители бараат ранливите деца да продолжат да учат онлајн

Човек врши дезинфекција на училница во скопско училиште / Септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

„Бараме да имаме опција онлајн настава со цел да се заштити здравјето на децата и членовите на потесното семејство. Барање за онлајн настава е испратено до сите надлежни институции, како Министерство за образование и наука, Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и оттаму има само молк“, велат од групата „Поддршка за онлајн настава“, откаде бараат опцијата за следење настава преку интернет да им биде и понатаму достапна на учениците кои боледуваат од хронични болести.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека оваа учебна година наставата ќе се следи со физичко присуство во училиштата и дека засега нема можност за одржување онлајн настава.

Од „Поддршка за онлајн настава“ велат дека оваа маргинализирана група „не е многубројна и нема да има никаков негативен импакт во однос на образовниот процес и социјализацијата на останатите деца, туку само заштита на животот и здравјето на овие деца и родители кои и онака боледуваат од одредени болести“.

„Физички престој во училиште без маски, и каква било физичка дистанца во преполни училници, е средина која гарантира сигурно заразување кај овие деца, а преку нив и на семејствата, без разлика што овој сој на Ковид е полесен, тој за хронично болните деца и родители може да биде фатален за веќе нарушеното здравје кое го имаат и да не заборавиме дека пандемијата прогласена од Светската здравствена организација е сѐ уште на сила, ковидот постои и состојбата не е под контрола. Да не дозволиме да изгубиме некој наш драг пријател, роднина или не дај боже дете и затоа не треба да постојат импровизации и компромиси кога во прашање е здравјето на оваа ранлива група“, се додава во соопштението од групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот