Родители бараат градоначалникот на Ѓорче Петров да им каже каде да „фатат врски“ за упис на децата во градинките

Фото: Unsplash

По одлуката на Општина Карпош од 10 јуни од градинките на нејзина територија да се испишат сите деца што не се жители на општината, засегнатите родители бараат разбирање и апелираат оваа одлука да се применува за упис на нови деца, а не на веќе запишаните кои ќе треба, откако се адаптирале, да се разделат од другарчињата и воспитувачките.

Родителите се револтирани затоа што од Владата и од надлежното Министерство нема никаква реакција и очекуваат градоначалниците на општините соседи на општина Карпош да излезат со свои предлог решенија каде да се згрижат децата што ќе бидат испишани од градинките.

Тие велат дека децата кои се запишани во градинката во Влае се од цела општина Ѓорче Петров, каде исто нема место во градинките, а притоа, новоизградената градинка во Волково сѐ уште чека да биде пуштена во употреба.

 Јавно го повикуваме градоначалникот на Ѓорче Петров да каже како планира да го реши овој проблем. Неговите вработени нѐ известија дека листите за чекање се долги и дека најубаво е да се проба „да се фатат врски”. Го замолуваме покрај решението да даде и официјално насоки каде тие врски да ги фатиме и како овој процес да го објасниме на нашите деца. На вас оставаме да најдете решение и место за децата кои ќе бидат отпишани, а ние како родители ќе најдеме начин да им објасниме на нашите деца како овој цел процес не е процес на разединување и поделба на луѓето – се вели во писмото од загрижените родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот