Родители од ОУ „Невена Георгиева Дуња“ реагираат: Наместо во новата сала, децата физичко имаат во стара и руинирана сала

Спортска сала ОУ Невена Георгиева Дуња (1)
Спортска сала на ОУ Невена Георгиева Дуња / Фото: Слободен печат - Елизабета Д. Спасеновска

Новите училишни спортски сали се повеќе се издаваат на спортски клубови додека учениците вежбаат во стари и руинирани објекти, се пожали родител на третооделенец од основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода.

За да ги потврди своите тврдења, тој до редакцијата на „Слободен печат“ испрати фотографии од спортската сала во која учениците ги одржуваат часовите по физичко воспитување.

Спортска сала ОУ Невена Георгиева Дуња (1)
Спортска сала на ОУ Невена Георгиева Дуња / Фото: Слободен печат

– Во рамки на училиштето има голема и нова спортска сала која многу ретко се користи за одржување на часовите по физичко. Пред да се обратам до вашиот медиум се распрашав дали е тоа пракса и кај останатите одделенија, на што добив потврден одговор. Не знам која е причината, дали новата сала се изнајмува на спортски клубови, но дволично е во училиштето да има убава и нова спортска сала, а децата да вежбаат во стара сала во која нема дури ниту греење, вели Дарко Т.

Спортска сала ОУ Невена Георгиева Дуња (1)
Спортска сала на ОУ Невена Георгиева Дуња / Фото: Слободен печат
Спортска сала ОУ Невена Георгиева Дуња (1)
Спортска сала на ОУ Невена Георгиева Дуња / Фото: Слободен печат
Спортска сала ОУ Невена Георгиева Дуња (1)
Спортска сала на ОУ Невена Георгиева Дуња / Фото: Слободен печат

Директорот на основното училиште „Невена Георргиева-Дуња“, Хари Стојановски, вели дека училиштето ги користи двете спортски сали, затоа што поради пандемијата не се дозволува одржување на часот по физичко за две одделенија истовремено.

– Спортската сала „Независна Македонија“ е општинска сала, не е во сопственост на училиштето. Сепак во нејзиното користење предност имаат учениците. Ние ја користиме за изведување на настава до 15 часот. Потоа се дава на користење на спортски клубови, но тоа не пречи на воспитно-образовниот процес. Точно е дека старата сала е во лоша состојба и потребно е реновирање, тоа беше тема за која сме зборувале и со претходниот и со сегашниот градоначалник. Но, пред да почне пандемијата проблем речиси и немаше, бидејќи по две одделенија истовремено држеа час по физичко во големата сала. Сега поради протоколите нема таква можност, затоа и ја ставаме во функцијата старата сала, објаснува Стојановски.

Од Општина Кисела Вода велат дека училиштата се независни субјекти и самостојно ги издаваат салите после работното време на училиштата.

Основните училишта се независни правни субјекти и како такви, дел од нив самостојно ги издаваат салите после работното време на училиштето, кога часовите се завршени и во нив нема ученици. Парите од издавањето на салите ги користат самите училишта. Истите пристигнуваат на самофинансирачка сметка на училиштето, по што се користат за потребите на истото, објаснуваат од Општина Кисела Вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот