Родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба

Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника.

Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на короновирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.

– Бебето е негативно на коронавирус. Би сакала да ги смирам трудниците и да апелирам до нив да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите. Сите сознанија, иако се ограничени, се дека многу малку од трудниците ќе заболат и ќе бидат со лесна форма на болеста. Доколку точно ги кажат своите промени во нивната здравствена состојоба, се тоа што им се случува во нивното семејството или во нивните социјални врски и контакти ќе бидат безбедни и тие и нивните бебиња, рече Јовановска.

ГАК, како што кажа таа, функционира во вонредни услови, а одлуките на Клиниката ги носи координативно стручно тело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот