Родилката која остана без три органи со потресно сведоштво за „Слободен печат“: Ова ни на куче не му се прави

Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

За оваа состојба во која се наоѓа таа, а за која вели дека ни на куче не му се прави, бара Лекарската комора на Македонија да му ја одземе лиценцата на директорот на струшката болница и гинеколог што ја оперирал, д-р Мухамед Асани. Доктор Асани, пак, вчера за „Слободен печат“ изјави дека операцијата ја извршил совесно.

Имам цела документација од матичен лекар дека никогаш немам боледувано од бубрег, дека никогаш не сум имала проблеми со песок или камења. Тетка ми е сведок дека ни побараа мито кога се породив. Ме имаа пуштено за Скопје речиси умрена. Ова е сигурно лекарска грешка и нема како да се покрие. Но сепак никој не реагира. Барам да си даде отказ или да му се одземе лиценцата, а јас кривично ќе го гонам на суд. Ако нема тука правда ќе го носам до Стразбур. Иако работев осум години како медицинска сестра и се имам борено за животот на пациентите, сега самата при стапнување во болница добивам панични напади, раскажува Веапоска за „Слободен печат“.

Министерството за здравство вчера информираше дека предметот е испратен до Лекарската комора за стручен надзор по што јавноста ќе биде детално информирана.

Целата приказна за голготата низ која поминала Веапоска прочитајте ја во утрешниот број на „Слободен печат“.

Директорот на струшката болница ќе добие кривична откако родилка остана без бубрег, матка и јајник при породување, се правда – оперирал совесно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот