Родилка од Куманово позитивна на коронавирус, бебето останува на ГАК, таа оди на Инфективна

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дваесет и седумгодишна пациентка од Куманово, која вчера се породила на скопската Клиника за Гинекологија е позитивна на корона вирусот, потврди за „Фокус“, директорката Викторија Јовановска.

-Пациентката е синоќа предвреме породена во осми месец и сега чекаме да биде префрлена на Клиника за инфективни болести. Таа само поткашлуваше. Бебето е на интензивна нега и е стабилно. Има уште една пациентка од Охрид, но таа сè уште е во сала и нема клиничка слика на Ковид 19. Таа е донесена со мртво бебе – тврди Јовановска.

Според неа, за пациентката од Куманово се запазени сите протоколи и е спроведена  преку посебен влез, односно изолирана е од другите пациентки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот