ФОТО | Родила тројка и починала за десет дена: Таткото ја открива болната вистина

Деца
Фото: Facebook

Кога Каси и Џои од Канзас Сити се запознале и се за вљубиле еден во друг, помислиле дека тоа ќе трае вечно. Среќните моменти продолжиле да се нижат, а во 2016 година станале родители на три бебиња.

Во 2015 година добиле среќна веста дека ќе добијат тројка, иако веќе биле родители две постари ќерки, Клои (6 години) и Тенли (2 години).

Кога започнале породилните болки Џои веднаш ја однел Каси во болница и таму лекарите откриле дека има згрутчување на крвта. На 29 јануари 2016 година, Кејси родила две момчиња и едно девојче. Наскоро се чувствувала подобро, но по два дена откако била пуштена дома, ја разбудила остра болка во градите.



Понатамошните тестови покажале дека Каси нема повеќе тромби, но дека нејзиното срце е под притисок. Во тој момент немала други симптоми, па била пуштена да си оди дома. Само 10 дена по раѓањето на бебињата, Каси ненадејно починала. Се испоставило дека таа земала антикоагулантни лекови без ничие знаење, кои во комбинација со хормонските лекови кои ги земала по породувањето може да имаат фатален ефект.

Иако имало моменти кога Џои посакувал да се откаже од животот и сета неподнослива болка и тага, но на крајот од секој тежок ден тој морал да собере сила и да се прилагоди на животот со пет деца како самохран родител. „Мора да бидете таму за вашите деца. Не можете едноставно да се откажете, кога знаете дека пет мали деца зависат од вас“, истакнал Џои.

Џои животните предизвици започнал да ги споделува на блог на кој ги постојано ги забележува авантурите на своите пет деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот