Роџер Вотерс не сака да соработува со „најмоќниот идиот на светот“: Поранешниот фронтмен на „Пинк Флојд“ го опцу Марк Закерберг

Instagram/Facebook
Instagram/Facebook

Роџер Вотерс, поранешен фронтмен на групата „Пинк Флојд“, учествуваше на неодамнешниот протест за поддршка на Џулијан Асанж. Тогаш тој потврдил дека коосновачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг го замолил да ја искористи култната песна „Another Brick In The Wall, Part 2“ во претстојната рекламна кампања на Инстаграм.

Рокерот отворено изјави дека не мисли ништо добро за основачот на „Фејсбук“, и дека смета дека тој е „еден од најмоќните идиоти на светот“.

Снимката од прес-конференцијата брзо се прошири на Интернет.

„Е.и се! Нема шанси“, бил одговорот на Роџер на прашањето на Закерберг.

Роџер тврди дека му понудиле огромна сума за користење на песната, иако тој не рекол точно колку.|

„Не сакам да учествувам во овој идиотизам, Закерберг“, рекол Роџер во видеото.

Роџер прочитал дел од писмото кое, наводно, го напишал Закерберг.

„Сакаме да ви се заблагодариме што го разгледавте овој проект. Чувствуваме дека сржта на чувствата на оваа песна и денес е толку распространета и потребна, што зборува за тоа дека е безвременско дело“, стои во делот од писмото што го прочитал Роџер.

Тие сакаат да ја користат песната за да ги направат Фејсбук и Инстаграм уште поголеми и помоќни отколку што се веќе и за да можат да продолжат да нѐ цензурираат сите нас и да ја спречат приказната за Џулијан Асанж да излезе во јавноста – рекол музичарот.

Во февруари 2020 година, Роџер им се придружи на илјадници луѓе кои протестираа, вклучувајќи ја и дизајнерката Вивиен Вествуд, додека маршираа низ улиците на Лондон за да се спротивстават на израчувањето на основачот на Викиликс.

Видео на денот