Родените во август се ПОСЕБНИ ЛУЃЕ, а еве што ги прави такви!

плажа лето сонце

Личностите кои се родени во август се посебни поради неколку причини, имаат цврсти карактери, вредни се и ведри и лесно е да ги сакате.

Родените во август припаѓаат на хороскопските знаци Лав и Девица. Генерално земено, августовските деца ги имаат следните карактеристики:

Се раѓаат поголеми

Децата родени во лето, статистички гледано, се раѓаат со поголема родилна тежина споредено со оние во останатите годишни времиња.

Повисоки се од своите врсници

Мајките на овие деца во летните месеци пред породувањето биле доволно изложени на сонце, а со тоа обезбедувале витамин Д за своето неродено бебе. Токму тоа е еден од предусловите во иднина августовските деца да се повисоки од своите врсници.

Намален ризик за биполарно нарушување

Децата родени во јули и август се изложени на многу низок ризик од биполарно нарушување, а повторно како важен фактор за ова се наведува изложеноста на нивната мајка на сонце, а со тоа и на витамин Д. Сепак, науката уште нема најдено точна причина зошто меѓу летните деца има најмалку случаи на биполарно растројство.

Посреќни се

Според една анкета од 200т година, луѓето родени во пролет и лето се генерално посреќни отколку оние кои се родени меѓу септември и март. Поради тоа и почесто е забележано и позитивно расположение кај нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот