Роденденско изненадување во Берлин: Михаел Рот го пречека Димитров со торта и свеќичка (ВИДЕО)

Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Никола Димитров за време на посетата на Германија го прослави својот роденден, а беше пријатно изненаден од внимателните домаќини. Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот го дочека шефот на македонската дипломатија со парче торта и свеќичка.

Видеото го спорели Димитров на својот Фејсбук налог со порака „не е тешко да се погоди мојата желба“ со што алудира на терминот за првата Меѓувладина конференција како официјален почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија (ЕУ).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот