Роденденски триумф на Работнички

фото: ФК Работнички

Екипата на Работнички ја оствари третата победа во Првата фудбалска лига и на најдобар начин го прослави 82.роденден на клубот. „Романтичарите“ минимално со 1:0 ја совладаа Ренова во премиерниот меч од деветтото коло.

Погодокот вреден три бодови беше всушност автоголот на дефанзивецот на Ренова, Ненад Мишковски кој во 58.минута ја затресе сопствената мрежа. Триумфот на Работнички можеше да биде и поубедлив доколку Иван Марковиќ во 81.минута доколку го реализираше ударот од белата точка.

Со новите три бодови, Работнички дојде до седмото место на табелата со 10 бода, додека Ренова е четврта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот