Роденденска забава со 30 гости сред пандемија: Рита Ора се извини јавно за прекршувањето на мерките

Instagram
Instagram

Иако ѕвездите треба да бидат пример дека забавите за време на оваа пандемија, особено по драстично зголемените бројки на заболени треба да се остават за некои подобри времиња и тие понекогаш грешат.

Во западен Лондон во еден ресторан се одржала забава на која присуствувале 30 лица, а меѓу нив била и британската пејачка Рита Ора, објави весникот „Сан“.

По тој настан Рита ѝ се извини на јавноста во понеделникот откако призна дека ја организирала забавата по повод прославата на нејзиниот 30-ти роденден, со што ги прекршила рестриктивните мерки за заштита од коронавирусот.

Instagram
Instagram

Ора рече дека „тоа бил мал собир со неколку пријатели“, но сепак во ресторанот ноќта во саботата присуствувале 30 лица.

Instagram
Instagram

Според правилата за самоизолација, луѓето во Англија не смеат да се мешаат со други луѓе во затворени простории и можат да се сретнат со едно лице надвор. Рестораните се затворени, освен за храна за носење, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Instagram
Instagram

„Одлуката беше донесена со погрешно мислење дека накратко излегуваме од самоизолација, и дека тоа ќе биде во ред“, напиша Ора на својот Инстаграм профил.

„Длабоко жалам што ги прекршив правилата. Ова беше сериозна и неоправдана грешка. Со оглед на ограничувањата, сфаќам колку овие активности беа неодговорни и преземам целосна одговорност “, стоеше во порака на Ора.

Преземено од Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот