Роденденска прослава: Сега знаеме од  кого  Ирина Шајк ја наследила убавината

 

Ирина Шајк очигледно знае да постигне рамнотежа меѓу мајчиството, работата и времето посветено на себеси. Неодамна  таа го прослави роденденот на мајка ѝ и на Инстаграм објави неколку убави заеднички фотографии.

Животот на славната 35-годишна руска манекенка Ирина Шајк несомнено е прилично исполнет со обврски. Но  помеѓу работата, грижата за двегодишната ќерка Леа таа најде начин да го прослави роденденот на  мајка ѝ и на Инстаграм сподели цела низа заеднички фотографии. Нејзината мајка Олга изгледа прекрасно и лесно може да се види дека тие две имаат одличен однос.


Нејзината мајка била учителка  по музика во градинка и ѝ пружила на ќерка ѝ музичко образование. Иако не се многу случни лесно може да се види дека Ирина Шајк е убава не само благодарејќи на татко ѝ од кого вели дека го наследила изгледот. Татко ѝ починал од воспаление на белите дробови кога таа имала 14 години.

Самата Ирина се  надева дека на својата ќерка ѝ дава добар пример со одржувањето рамнотежа меѓу приватниот живот и работата. Таа не работи ниту една работа која би траела подолго од една недела. Нејзиниот поранешен партнер, Бредли Купер инаку татко на Леа, има слични проблеми со распоредот, но и двајцата се трудат да бидат  добри родители. Двојката беше во врска од 2015 до 2019 година.
Дека манекенката е навистина зафатена доказ беше и фактот дека се откажа од својот лабрадор Цезар, бидејќи нема време за него и го даде на нејзини пријатели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот