РОДЕНА Е СО БРАДА, родителите ја дале во ЦИРКУЗОТ ЗА НАКАЗИ, а нејзината животна приказна е за филм

Ени Џонс е родена во Вирџинија во 1865 година и наводно се родила со брада. Родителите се запрепастиле кога виделе дека нивното бебе има брада како возрасен човек, но набрзо се утешиле кога сфатиле дека нивната ќерка, таква каква што е, им е единствената прилика да се збогатат.

Немала ни една година кога ја вклучиле во Изложбата на накази во патувачкиот циркус.

Така успешната кариера на Ени почнала уште пред да прооди. Била толку популарна што сопственикот на циркусот ѝ понудил на нејзината мајка договор на три години со месечен надомест од 150 долари.

Брадестото дете станала брадеста жена, која ја привлекувала публиката истакнувајќи ги женските атрибути и создавајќи контраст во однос на брадата – облекувала модерна женствена облека и научила да свири на мандолина. Нејзиниот метод се покажал како успешен. Ени Џонс станала една од најнезаборавните атракции на Изложбата на накази.

The Bearded Lady

Се претпоставува дека таа страдала од хирзутизам, болест која предизвикува зголемена влакнавост кај жените, а која ја има околу 5-10 проценти од женската популација.

Во 1880 година се омажила за Ричард Елиот, кој бил задолжен да ја повикува публиката пред циркусот на Барнам, но бидејќи тогаш имала само 15 години, нејзините родители не го одобрувале бракот.

Во брак останале 15 години. Се развеле во 1895 година, а потоа Ени се омажила со Вилијам Донован, со кого патувале и заедно настапувале, сè додека тој ненадејно починал по 4 години.

Ени се вратила во единствениот дом што го имала – во циркусот на Барнам. Започнала кампања против користење на зборот „наказа“ при претставување на учесницитена изложбата.

За жал, умрела од туберкулоза на 37 години, а немала прилика да запознае друг живот освен животот на циркуска „наказа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот