Родена е Били Холидеј, Балашевиќ го објави албумот со кој почна соло кариера и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Денешниот ден во музичката историја, 7 април, ќе го паметиме по раѓањето на џез пејачката Били Холидеј, меѓутоа и по уште неколку важни настани за кои можете да прочитате во продолжение…

1915 година – Родена е Били Холидеј, според многумина најдобрата џез пејачка на сите времиња.

1943 година – Роден е Мик Абрахамс, гитарист на групата „Jethro tull“, односно лидер на блус-рок групата „Blodwyn pig“.

1975 година – Гитаристот Ричи Блекмур ги напушти „Deep purple“ за да ја основа сопствената група „Rainbow“, а на негово место дојде Томи Болин.

1982 година – Ѓорѓе Балашевиќ го објави албумот „Пуб“, првиот со кој започнува соло кариера. И без голем маркетинг публиката веднаш ги најде новите хитови на албумот како „Божа звану пуб“, „Песна о једном петлу“, „Ратник паорског срца“ и „Лепа протина кчи“.

1997 година – Англиското електронско дуо „The chemical brothers“ го објави вториот албум „Dig your own hole“, со кој се пробија до врвот на топ листите, со што започна нивната голема кариера. Како најуспешни нумери од ова издание се издвоија нумерите „Setting sun“, „Where do i begin“, „Block rockin’ beats“ и „The private psychedelic reel“.

1998 година – Почина Тами Вајнет (55), американска кантри пејачка. Вајнет имаше 12 топ синглови на светските топ листи, вклучувајќи ја и песната „Stand by your man“. Тами објави повеќе од 50 албуми и продаде повеќе од 30 милиони примероци од своите изданија ширум светот, а два пати освои и Греми награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот