Роден е Гери Мур, почина Зоран Мишчевиќ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден во музичката историја ќе го паметиме по неколку значајни настани како што на пример е раѓањето на славниот Гери Мур, но и по неколку други работи кои оставија белег на 4 април низ минатото кога е музиката во прашање…

1915 година – Роден е Муди Вотерс, со вистински име Мекнели Морганфилд, американски блус пејач, кој го нарекуваа таткото на „Чикаго блус“.

1952 година – Роден е Гери Мур, иски блус рок гитарист, кој на 16 години ја започна кариерата во бендот „Skid Row“, за потоа продолжи да свири во познатиот состав „Thin Lizzy“, односно да продолжи соло кариера.

1959 година – Хрватскиот музичар Иво Робиќ тргна во поход на светската сцена. На денешен ден во 1959 година, Робиќ, кој веќе беше ѕвезда во тогашна Југославија, сними  две песни во Хамбург, од кои едната се претвори во голем интернационален хит. Станува збор за песната „Morgen“, а покрај неа, Робиќ во Хамбург ја снимаше и песната „Ay, ay, ay, Paloma“.

1968 година – Целовечерна блус сесија. Џими Хендрикс, Б.Б. Кинг, Бади Гај, Џони Мичел, Ал Купер и Тед Нуџент се собраа во „The new generation club“, во Њујорк, откако слушнаа дека тој ден во атентат е убиен Мартин Лутер Кинг и приредија спонтан „All night blues and rock session“.

1974 година – Југотон објави сингл на белградската „ЈУ“ група, со песните „Дрвени мост“ и „Живи песак“.

1975 година – Родена е Вања Илиќ, пејач и основач на рок групата „Заклонишче препева“.

1980 година – Роден е Џони Борел, гитарист и фронтмен на британската инди рок група „Razorlight“.

1985 година – „Dire straits“ од Дубровник на светска турнеја. Откако групата заврши со снимање на својот петти студиски албум под назив „Brothers in arms“, англискиот рок состав стигна во Дубровник, односно Цавтат, кој го одбраа за место за подготовки за претстојната светска турнеја на која го промовираа новиот албум.

1995 година – Почина Зоран Мишчевиќ (50), еден од пионерите на рок музиката на овие простори, пејач и лидер на групата „Силуете“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот