Роботска рака на тркала ќе ги прегледува заразените од коронавирус во Кина

Со помош на овој робот, лекарите кои во нормални околности спроведуваат такви процедури, нема да мора да бидат во иста просторија со пациентот, па дури може да бидат во друг град.

Истражувачите од еден од најголемите кинески универзитети дизајнираа робот за кој велат дека може да спаси животи за време на епидемијата на новиот коронавирус.

Машината се состои од роботска рака на тркала, која може да снима со ултразвук, да земе брис од устата и да ги слуша звуците на органите на пациентот, што вообичаено се прави со стетоскоп.

Со помош на овој робот, лекарите кои во нормални околности спроведуваат такви процедури, нема да мора да бидат во иста просторија со пациентот, па дури може да бидат во друг град.

– Лекарите се многу храбри, но вирусот едноставно е премногу заразен. Можеме да користиме роботи за најопасни задачи, изјави професорот Женг Гангти од универзитетот Цингуа.

Женг собра тим кој преработил две механички раце со иста технологија која се користи на бродовите на вселенските станици и за истражување на Месечината.

– Роботите се целосно автоматизирани и дури можат самите да се дезинфицираат откако ќе го извршат прегледот на пациентот, но докторите рекоа дека е подобро да има што помалку автоматизација затоа што личното присуство ги теши и ги смирува пациентите, рече Женг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот