Роби Вилијамс се изедначи со Елвис Присли! (ВИДЕО)

принтскрин/Youtube

Албумот на Роби Вилијамс, „Божиќен подарок“ (The Christmas Present) до минатата недела беше на второто место на британските топ листи ведбаш после групата „Колдплеј“, но сега Роби ја презеде лидерската позиција.

Пејачот полека влегува во кругот на најслушани музичари во Велика Британија, бидејќи со новиот албум успеал 13. пат да биде на првото место. Толкупати на врвот на топ листите бил само Елвис Присли, пишува BBC.

Во однос на групите, апсолутниот рекорд по бројот на албуми кои стигнале на првото место го држат „Битлси“, кои имале 15 такви плочи.

Песната „Dance Monkey“ на австралиската пејачка Тонс го изедначи рекордот во женска конкуренција за сингл нумера која поминала најмногу недели на врвот на топ листите – вкупно десет.

Ваков успех досега имале само Витни Хјустон во 1992 година со песната „I Will Always Love You“ и Ријана во 2007 со хитот „Umbrella“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот