Роби Вилијамс го фатило паника па побегнал со семејството на планина во Швајцарија

Фото: Профимедиа

Поп-пејачот Роби Вилијамс ја поминува пандемијата на планина во Швајцарија. Тој ова го откри во видеоразговор со Стив Рајт за Би-би-си радио 2.

– Е па, да, јас сум малку невротичен и си мислев – каде да се сместам, за (коронавирусот) да не „ме фати“? Па, си велам – ќе одам шест месеци на Мон Блан, објасни Роби.

Поп-ѕвездата сега е на Алпите со своето семејство, а минатиот месец, тој и сопругата Аида ја прославија 10-годишнината од бракот.

Тие имаат четири деца, ќерките Теди и Коко и синовите Чарли и Бју.

Во кусото интервју, Роби отворено говореше и за тоа колку лошо корона-кризата во светот влијае на светската музичка сцена и за тоа дека неговите деца, или барем Теди можеби ќе тргне по неговите стапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот