Роби Вилијамс е позитивен на коронавирус и е „заглавен“ на Карибите

Instagram

Пејачот Роби Вилијамс е позитивен на коронавирусот и е во карантин на Карибите, откако со својата сопруга Ајда и нивните четири деца заминале на одмор во Сент Бартс.

Кон крајот на декември, Вилијамс со неговото семејство заминале на патување за новогодишниот период, но пејачот почнал да се чувствува лошо по пристигнувањето на Карибите.

Роби е прилично болен. Тој е затворен во вилата каде што престојува со своето семејство. Што и не е најлошото место во светот за карантин, иако тој не може да оди на плажа. Тој ќе мора да остане во карантин 14 дена“, изјавил извор близок до пејачот за „Сан“.

Instagram
Роби со неговата сопруга Ајда / Instagram

 

Извори блиски до 46-годишниот пејач, велат дека откако почна пандемијата со коронавирусот тој еднаш веќе „испаничил“ дека е позитивен на коронавирусот и бил во изолација, одделен од семејството во Лос Анџелес.

Имено, пејачот ги почитувал сите здравствени протоколи и појавувањата во јавноста му биле сведени на минимум.

Бев многу исплашен“, изјави Роби, во периодот кога стравуваше дека е позитивен на ковид-19.

Тогаш, неговата сопруга сподели емотивно видео од Роби како се враќа од самоизолација.

Деца кој доаѓа? Кој е тој?“, ги прашала децата, а кога го виделе веднаш почнале да трчаат во неговите прегратки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот