Роберт Вуд: Наградата за убиство на Трамп е смешна, но укажува на терористичката основа на иранскиот режим

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Иранскиот пратеник Ахмад Хамзех на седница на парламентот понуди награда од три милиони долари „за оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“.

Понудата на иранскиот пратеник за награда од три милиони американски долари за оној што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп е смешна, изјави денеска американскиот претставник во разговорите за разоружување, Роберт Вуд.

Според него, изјавата „укажува на терористичката основа на иранската Влада“.

– Тоа едноставно е смешно, но дава чувство за терористичките основи на тој режим кој мора да го смени своето однесување, им рече Вуд на новинарите во Женева.

Иранскиот пратеник Ахмад Хамзех на седница на парламентот понуди награда од три милиони долари „за оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“. Хамзех ја понуди наградата „во име на луѓето од провинцијата Керман”, но не прецизираше дали одлуката за закана на американскиот претседател ја донеле иранските верски водачи.

Керман е родното место на Касем Сулјемани кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со дрон во близина на Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот