Роберт Саздов во Солун сведочел и докажувал дека Панки е познат пејач

Принтскрин

Неодамна Сашо Каимовски – Панки беше уапсен на граничниот премин Богородица-Евзони, поради европската потерница за негово апсење распишана пред 13 години.

Неговиот поранешен колега од „Куку Леле“, Роберт Саздов, за „Ексклузив“ изјавил дека во судот во Солун сведочел дека Панки е познат пејач од Македонија. Како доказ носел насловни страници од магазини, видеа од гостувања во емисии и други материјали, бидејќи видеата од Јутјуб не биле доволен доказ во одбраната.

Панки пред 13 години бил вмешан во мрежа која крадела податоци од банкомати. Оттогаш по него е распишана потерница за апсење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот