Роберт Патинсон: Да не беше „Хари Потер“ ќе бев пијанист!

Фотографија: Profimedia

Роберт Патинсон е благодарен што можел да глуми во филмот за младиот волшебник Хари Потер, пишува people.com.

„Немаше денес да глумам да не беше тој ангажман. Имав чувство дека се наоѓам во многу пријателско и семејно опкружување. Споредувајќи ги филмовите кои ги имав работено до тогаш, имав заштита. Притоа мислам на начинот и односот спрема децата“, рекол тој.

Profimedia

„Беше тоа како на училиште, а истовремено се одвиваше и филмска работа. Навистина го сакам тој филм“, прокоментирал тој и нагласил дека не било вообичаен формат „дете-инструктор“.

Открил дека можеби најдобриот дел од работата на филмот била медиумската турнеа после доаѓањето на филмот во кината.

Profimedia

„Се сеќавам дека тогаш за прв пат го посетив Токио“, рекол Роберт.

Патинсон исто така беше номиниран во категоријата за најдобар актер во познатите награди Film Independent Spirit Awards. Станува збор за филмот „The Lighthouse“ на режисерот Роберт Егерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот