Роберт Де Ниро повреден за време на снимањето на филмот „Killers of the Flower Moon“: Веднаш заминал во болница

Актерот Роберт Де Ниро ја повредил ногата во четвртокот за време на снимање на филм во Оклахома. Тој веднаш ги зел своите работи и се тргнал кон Њујорк за да биде прегледан во болницата, пишува „Daily Mail“.
Засега не е познато во каква состојба е 77-годишниот актер или колку е сериозна повредата.
Robert De Niro on the set of “Killers of the Flower Moon” (2021) pic.twitter.com/GHa70bbhEP
— bober (@BOBERTDENIR0) May 11, 2021
„Роберт секако требаше да патува во Њујорк две недели, така што нема да има одложување на снимањето“, изјави портпарол на актерот.
Де Ниро моментално глуми во филмот на Мартин Скорсезе, „Killers of the Flower Moon“. Главната улога, заедно со Роберт, ја игра Леонардо ди Каприо.
Ди Каприо неодамна на Инстаграм објави сцена од претстојниот филм.
View this post on Instagram