Рoберт Де Ниро и Ума Турман во нова хит комедија (ВИДЕО)

Славниот Роберт Де Ниро имаме прилика да го гледаме во уште една лесна и интересна семејна комедија „The War With Grandpa”, која ја носи приказната за кавгите меѓу дедото и внукот. Филмот е прилагоден на книгата на Роберт Кимел Смит, а го режираше Тим Хил, инаку ветеран на анимираните остварувања, вклучувајќи го и „The Sponge Bob Movie”.

Темата на филмот се врти околу Питер кој е шесто одделение, во улога на Оукс Фегли, и неговиот дедо Еда, кој го глуми Роберт Де Ниро. Во улога на мајката на Питер, односно ќерката на Еда, се најде Ума Турман.

Според описот на сценариото, војната меѓу внукот и дедото се одвива низ ескалирачки местенки и кавги, додека Фегли и Де Ниро одлично се вклопиле во своите улоги.

„Вознемирен бидејќи својата соба мора да ја дели со дедо му, Питер одлучува да покрене војна со цел да си ја поврати собата“, се наведува во описот на филмот.

Де Ниро ја изненади публиката со учество во уште една комедија. Но, на искусниот актер комедиите не му се непознати, па поради тоа гледачите можат да очекуваат многу смеа и забава.

„The War With Grandpa” премиерно е прикажан на 9-ти октомври во одделни кино сали низ светот, а наскоро започнува и неговата светска кино дистрибуција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот