Робели: Рама е помакедонец од Македонците, јазикот против Бугарија му е несоодветен

Јазикот на Еди Рама против Бугарија е целосно несоодветен, вели во изјава за „Слободен печат“ косовскиот аналитичар, уредник во швајцарскиот „Тагес Анзеигер“, Енвер Робели.

– Тој се однесува помакедонец од Македонците, без никој да го праша. Бугарија не ја зема Албанија како заложник. Бугарите ставија вето на Скопје, колку и да е неправедно. ЕУ, ако сака, би ги отворила преговорите со Албанија и би чекала да се реши бугарско-македонскиот спор. Но, во ЕУ нема расположение за фаворизирање на Албанија. Причините за тоа не се само во ЕУ, туку и во состојбата на демократијата во Албанија, во реформите во правосудството кои честопати се само фасада, во неказнивоста на сторителите на корупцијата, во олигархизацијата на економијата, во распределбата на државните ресурси меѓу партнерите на власта, контролата врз медиумите, недостатокот на етика и јавна одговорност, изјави Робели.

На говорот на премиерот на Албанија на Самитот ЕУ-Западен Балкан регираше и Министерството за надворешни работи на Бугарија. Во нивната реакција меѓудругот се вели дека: „Очекуваме премиерот Рама да ја среди својата комуникација. Имаме заедничка иднина со Албанија, политичарите се менуваат, народот останува“, реагираше бугарското МНР.

 

Бериша и се извини на Бугарија: Рама е авантурист, не ја претставува албанската мисла

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот